Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска се сретна со амбасадорот на Република Словенија во Република Северна Македонија, Грегор Прескер, информираат во писмено соопштение од општината.
Во соопштението се наведува дека амбасадорот Прескер е голем пријател на Општина Штип и веќе двете страни имаат работено на заеднички проект што резултираше клонот „Развигорче“ од детската градинка „Вера Циривири – Трена“ да добие фотоволтаични централи на кои им претходеше целосна промена на кровот.
– На средбата беше истакнато обостраното задоволство за досегашната соработка на двете страни, која во иднина ќе биде интензивирана со реализација на повеќе заеднички проекти, стои во соопштението од Општина Штип.