Италијанската модна дизајнерка Донатела Версаче се појави на црвениот тепих на хуманитарната гала „аволот носи Прада: Мјузикл“ организирана од Елтон Џон на 1 декември во Лондон, пренесува курир.рс.
Омилената дизајнерка која со години ги диктира модните трендови, на 69 години изгледаше целосно непрепознатливо.
Донатела носеше мини фустан од Версаче со златни реси со црно боди и кафени чизми до колена. Но, не беше нејзината гардероба таа што ги изненади корисниците на социјалните мрежи.
„Таа направила фејслифтинг. Ова е најздравото нејзино издание што сме го виделе“, напиша некој на Инстаграм, а потоа коментарите продолжија да се шират.
“Кој и го смени личниот опис, леле! Само леле!!” А друг корисник забележа: “Душо! Мислам, кој е хирургот затоа што дефинитивно завршил добра работа!”
Цела година Донатела промовираше помладешка и помалку експонирана енергија на фотографиите што ги споделуваше на мрежите. Заедно со нејзиното старо лице, Донатела ја отфрли и нејзината препознатлива црна шминка за очи и нејзината платинеста коса до задник за поприродна руса коса до рамениците.
Donatella Versace got a new look 🔥 pic.twitter.com/9CwEcvah9O
— Jelly Santos (@MrsJellySantos) December 2, 2024
Таа започна со операции во средината на 1990-тите, а веќе по смртта на нејзиниот брат Џани, не изгледаше како порано. Шефот на куќата Версаче уште во 2013 година призна дека ботоксот е дел од нејзиниот режим за убавина, а претходно изјави дека не верува во природна убавина.
donatella and gianni versace at the met gala, 1992 💜 pic.twitter.com/i6g6iPhzwp
— 𝐝𝐞𝐧𝐢𝐬𝐚 (@pradapearll) May 3, 2024
Прекумерната употреба на ботокс, искривените усни и отеченото лице редовно ја ставаат на врвот на листата на светски ѕвезди кои претерале со естетските зафати.