Консултантот на Ипсос, Срѓан Богосављевиќ изјави дека доколку референдумот за пристапување на Србија во Европската унија би се одржал токму сега, резултатите би покажале дека 46 отсто од граѓаните би гласале „за“, додека 30 отсто би биле против.
Оваа разлика е една од најголемите во последните неколку години, што го покажува растот на поддршката за ЕУ. Сепак, граѓаните често изјавуваат дека не ја доживуваат Европската унија како исклучително релевантна “, вели Богосављевиќ за РТС.
Тој смета дека повеќето од оние кои би гласале за влез во ЕУ го прават тоа од прагматични причини, како подобри можности за идните генерации, додека многумина не гледаат лична корист.
„Проевропското расположение често зависи од конкретни настани и од начинот на кој Европа се однесува кон Србија “, нагласува Богосављевиќ.
Тој наведува дека како главни проблеми се препознаваат во прашањето за Косово, корупцијата и протестите, а забележлив е економскиот оптимизам.
Од друга страна, перцепцијата за Русија и Кина е многу поповолна. Голем број граѓани имаат позитивен однос кон овие земји, а односот кон нив често се поврзува со емотивни врски и конкретни постапки.
„ Пристигнувањето на рускиот претседател Путин или кинеската помош за време на пандемијата, како што се донации на вакцини, предизвика значителен скок во популарноста на овие земји“, објаснува Богосављевиќ.
Тој наведува дека поддржувачите на владата, пред се’ Српската напредна партија (СНС), често ја фаворизираат Кина за економска соработка и инфраструктурни проекти, додека Социјалистичката партија на Србија (СПС) и националните партии се поблиску до Русија.
„Оваа поделба одразува прагматизам, но и силен емотивен однос кон традиционалните сојузници “, истакнува Богосављевиќ.
Богосављевиќ наведува дека истражувањата укажуваат на промена на приоритетите кај граѓаните кога се во прашање најголемите социјални проблеми.
Но, овој оптимизам не значи, како што наведува, желба за политички промени.
„Мнозинството не гледа потреба од значајни промени, што е последица на чувството на сигурност и доверба во актуелната власт “, заклучува Богосављевиќ.
Извор:РТС