Магазинот Билборд ја прогласи Бијонсе за најголема поп-ѕвезда на 21 век поради, како што рекоа, нејзиното 25-годишно влијание и еволуција во светот на шоу-бизнисот, пренесува нова.рс.
На второто место се најде Тејлор Свифт, која исто така имаше извонредна кариера, а нејзината турнеја „Ерас“ стана концертна серија со најголема заработка во историјата, со што Тејлор стана ѕвезда со најголема заработка на овој век.
„Додека Тејлор Свифт е најголемата поп-ѕвезда на векот според бројки, од продажба на албуми до стримови до доминација на турнеја, нашите уредници ја избраа Бијонсе за наша број 1 најголема поп-ѕвезда на векот“, велат од медиумот.
Оваа одлука ги налути фановите на Тејлор Свифт, бидејќи сметаат дека првото место требало да и припадне на неа.