МВР информира за голема тргедија која се случила утрово во Гевгелија. Момче од кумановско паднало при градење зграда и починало во болница.
-На 03.12.2024 во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека при извршување градежни работи на зграда во изградба на булевар „Гевгелија” во Гевгелија, Б.Б.(21) од село Орашац, кумановско, паднал и се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во болницата во Гевгелија, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје, каде што починал. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршиле инспектор од Државен трудов инспекторат и екипа на ОВР Гевгелија, се вели во информацијата од МВР.