Родителите на децата од прво до четвртто одделние од ООУ „11 Октомври“ од Центар, Скопје, одлучија денеска да не ги пуштат децата на настава во знак на протест од одлуката на раководството на училиштетото да запише дете, кое се изживуваше врз друго дете, но и врз наставниците во ООУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром.
Родителите се исплашени за безбедноста на нивните деца и најавуваат дека доколку раководството не ја повлече одлуката за упис на проблематичното дете, бојкот на настава ќе почнат и децата од погорните одделенија.
Детето со насилно поведение беше отпишано од училиштето во Аердром, по инцидентот во кој лани како второоделенец во тоалет затворило девојче, негова врсничка, го соблекол голо, се изживувал и со нејзината облека го избришал подот. Претходно имал бројни случаи на малтертирање на деца – ги плукал, удрал, ги сопнувал. Детали до настаните сподели актерката Весна Петрушевска, која во видео кажа за неговото однесување:
„Во скопското училиште ‘Лазо Ангеловски’, подолго време, второодделенци, седумгодишно дете, ги малтретира своите соученици. Ги тепа, ги плука, им ги кубе косите и ги остава на катедра кај своите наставнички. Велат дека училиштето не може да се справи со овој насилник. Има приказна дека ова дете затворило девојче-врсник во училишниот тоалет, го соблекол голо и продолжил да се изживува врз ова девојче. Ова дете има историја, ги мавал и тепал децата и во градинка. Истурил течен сапун по скали, се смеел, ги сопнувал. Родителите имаат притисок да не зборуваат, а дел од соучениците се испишале“, кажа Петрушевска.
Во соопштение од Општина Центар се пренесува изјава од директорката на училиштето Даница Блажеска во најавува дека ќе ја повлечат согласноста за упис, бидејќи не биле запознати со насилничката историја на детето.
Според неа, информацијата дека ученикот имал изречени мерки во претходното училиште била намерно сокриена.
„Како училиште издадовме согласност за запишување по редовна постапка, но подоцна, преку неофицијални канали, добивме информации за предизвиците со однесувањето на ученикот. Со цел да ја потврдиме точноста на тие наводи, се обидовме да стапиме во контакт со надлежните од ООУ „Лазо Ангеловски”, преку мејл, со писмен допис и телефонски, но не добивме одговор. Подоцна, родителите од нашето училиште доставија документи кои покажаа дека ООУ „Лазо Ангеловски” побарало посредување од Општина Аеродром за преместување на ученикот во друго училиште”, објасни Блажеска.
Таа истакна дека процедурите за преместување на ученик вклучуваат транспарентна соработка помеѓу училиштата, локалната самоуправа и Министерството за образование. Новото училиште мора да биде целосно информирано и подготвено да го прифати ученикот. „Поради правната неиздржаност на постапката, нашето училиште ја повлече согласноста”, додаде Блажеска.
Општина Центар во соопштението најавува дека ќе бара иснтитуционално решение.
„Општината целосно ги поддржува учениците, родителите и раководството на ООУ „11 Октомври” за соодветно и институционално решавање на случајот со ученикот кој бил префрлен од ООУ „Лазо Ангеловски” без претходно известување дека станува збор за дете со проблематично однесување“, стои во соопштението.