Контроверзниот рапер Шон Комбс, попознат како Паф Деди, наводно се соочува со нова тужба од 10 милиони долари, откако беше обвинет дека дозволил жена да виси од балкон од 17 кат.
Новата тужба, поднесена на 27 ноември од модната дизајнерка Бријана „Бана“ Бонголан во Врховниот суд во Лос Анџелес, го обвинува Комбс дека ја обесил и ја оставил да виси од балкон во напад на бес, пренесува курир.рс.
Бонголан тврди дека раперот и се заканувал дека ќе ја убие за време на инцидентот додека не интервенирала неговата тогашна девојка, Кеси Вентура.
„Единствената причина зошто некој виси од балкон е ако навистина сака да го убие или намерно да тероризира некоја личност и да одземе каква било контрола врз сопствената телесна автономија и безбедност“, се наведува во тужбата.
-Не треба да чуди што токму тоа и се случи на г-ѓа Бонголан – се додава.
Таа бара отштета за која се верува дека е поголема од 10 милиони долари.
Инцидентот, наводно, се случил на 16 септември 2016 година, за време на една од познатите развратни забави на Комбс. Во тужбата се наведува дека Бонголан и нејзината тогашна девојка биле разбудени во станот во Вентура од страна на Комбс кој „насилно“ тропал на вратата.
Се вели дека тој ја грабнал Бонголан и ја допирал по градите додека таа се обидувала да се спротивстави и го принудил да ја напушти собата. Бонголан потоа тврди дека Комбс ја фатил за пазувите и дека висела од балконот на станот додека Вентура не интервенирала.
-Веднаш ја креваше сè повисоко и повисоко преку балконот на 17-тиот кат од станот на г-ѓа Вентура, а само стисокот на Комбс го држеше нејзиното тело да не падне и од смрт. Препознавајќи ја опасноста од бројни сведоци на неговиот напад, Комбс ја повлече г-ѓа Бонголан назад преку балконот. Но, тој не ја ослободи. Во последниот излив на насилство, тој ја фрли г-ѓа Бонголан врз мебелот на терасата на балконот, вклучително и на маса, се наведува во тужбата.