Синоќешната премиера на „The Devil Wears Prada: The Musical“ во Лондон беше исклучително емотивна. Авторот на музиката за оваа продукција не сакаше да го пропушти настанот, а бидејќи има сериозни проблеми со видот, движеше со помош на својот сопруг Дејвид Фурниш и пријателите, меѓу кои и актерката Елизабет Харли. Познатиот Елтон Џон (77) отворено зборува за лошата здравствена состојба.
Елтон Џон (77) и неговиот сопруг Дејвид Фурниш (62) ги имаат синовите Захари (13) и Илија (11).
„Сакам да ги видам нашите деца како се мажат, но мислам дека нема да бидам тука з тоа“, искрено изјави Елтрон Џон. Таа изјава навистина го потресе неговиот сопруг со кој е во врска од 2005 година, а Фурниш изјави: „Многу ме вознемири, бидејќи некако мислам дека Елтон ќе живее вечно, сите го мислиме тоа, а тој е толку жив што лесно е да се верува во тоа, но мора да се соочиш со реалноста“.
Легендарниот пејач, кој многу ослабел, синоќа на премиерата на мјузиклот проговори за губењето на видот.
Елтон Џон, кој имал тешко детство, изненади кога на сцената се појави со сопругот. „Како што некои од вас можеби знаат, имав проблеми и сега го изгубив видот. Не успеав да го гледам шоуто, но уживав.
Зад сцената му помогнал сопругот. „На мојот сопруг кој ми беше карпа затоа што не можев да дојдам на многу прегледи… тешко ми е да го видам, но сакам да го слушам и звучеше добро вечерва. Ви благодариме што дојдовте“.
Елтон Џон претходно откри дека го изгубил видот на десното око за време на летото во Франција. Во интервју за АБЦ Њуз, зборувајќи за неговиот нов документарен филм „Никогаш премногу доцна“, Елтон призна дека не е сигурен во неговата способност да снима нови песни, бидејќи целиот свој фокус го ставил на здравјето.
“Помина долго време откако не направив ништо. За жал, во јули го изгубив видот на десното око бидејќи добив инфекција на југот на Франција”. Како што истакна, и видот на левото око „не е многу добар“, пишува Дејли Мејл.