Дека љубовта не познава граници и таа љубов често те тера да ја изгубиш главата, еден вепар од Краљево почувствувал на неговата кожа, пренесува курир.рс.
Домаќинот Рако Терзиќ од Врдил забележал дека овој интересен посетител им доаѓа на неговите млади маторици доцна навечер или во зори.
Веста за непоканетиот гостин брзо стигнала до Милисав Ѓуѓиќ, кој решил на вепарот да му направи заседа и да го наполни замрзнувачот со кременадл.
Утрото, како и обично, младиот капиталист се појавил на „старото место“, но, забележувајќи го непланираното друштво, брзо истрчал во блиската шума, но не можел да одолее на своите младешки страсти и штом паднала ноќта се вратил повторно да ја продолжи љубовта со свињите на Рако, но направил фатална грешка, бидејќи завршил на нишанот.
„Дивите свињи се животни со многу остри сетила и не е лесно да се застрелаат. Меѓутоа, за време на сезоната на парење – од ноември до почетокот на февруари – нивната концентрација, па дури и чувството за страв и околината им слабее, особено младите вепри, и потоа често страдааат, вели за РИНА Радовановиќ.
Општ заклучок е дека застреланата свиња ја платила цената на невниманието, за што најголем виновник е само штотуку започнатата љубов.