Натпреварот меѓу Фиорентина и Интер по 15 минути игра се претвори за кошмар за сите на теренот и трибините, пренесува дерби.мк.
Едоардо Бове загуби свест и лежеше на теренот, по што следеше алармантна реакција од сите играчи кои беа околу него.
Фудбалерите на двата тима веднаш бараа брза асистенција од лекарите и се обидоа да помогнат во прв момент, по што заедно решија да оформат круг за да не се гледаат немилите сцени за време на лекарските интервенција.
Во овие моменти, дел од играчите на Интер и Фиорентина плачеа на теренот, а по неколку минути, Бове беше итно префрлен во болница со амбулантно возило, а натпреварот и официјално прекинат.
Официјалната информација е дека денеска нема да има фудбал на „Артемио Франки“, па допрва ќе се одлучува кога истиот ќе биде доигра.
Во овој момент цела Италија исчекува први вести за здравствената состојба на 22-годишниот Едоардо Бове.
Видеото може да го видете и ТУКА.