Емоции, сеќавања, песни.., така се прослави 25 годишниот јубилеј на бендот „Дрим тим“ вчера во МНТ.
Малку стари песни, малку нови, по некој инструментал и многу гости со нивни хитови се пееја на сцената во преполната сала. Гости им беа и некогашни членови на бендот, како Марјан Коцев и Сашко Велков и Драги Станков, но и Сузана Гавазова, Влатко Лозаноски, Баже Грујовски, Ибуш Ибраимоски, дел од членовите на „Синтезис“…
Над сва часа не се штедеа дланките за аплауз на се она што за ова две ипол децениско работење го сработија Дејан Николовски-Чуле, Никола Коцев, Александар Ангелов, Ангел Ќосев и Гоце Илиовски.
На сцената во музичкиот дел вчера гости им беа и Ратко Даутовски и Тоше Завков.
За време на ова долгогодишно успешно работење „Дрим тим“ го прошетаа светот со македонска песна, стекнаа многу пријателства, а тоа се виде и во пораките од нашите во дијаспората кои им посакаа уште толку години успешно работење.
(В.М.)
Фото: Вангел Тануровски