Еден од присутните на прославата на денешниот ден на албанското знаме уништи и искина државно знаме на Македонија, а видеото од инцидентот е објавено на социјалната мрежа Икс.
Немам зборови… pic.twitter.com/A3bS1WU8KY
— Роберто Навали (@roberto_navali) November 28, 2024
Според објавата е снимена во близина на Бит-пазар за време на прославата на денешниот ден на албанското знаме.
По повод денот на албанското знаме, на плоштадот Скендербег беше организирана прослава, а иако не беше најавено беше блокирана делницата од булеварот под надвозникот на старата стоковна куќа Мост, пренесува Телма.
Сообраќајот беше блокиран и отежнат по што интервенираа полицајци за да обезбедат побрзо минување на заглавените автомобили.