Докторот Дервиш Хаси (42), деновиве го напушто затворворот, каде беше од јануари, откако Обвинителството на Албанија не успеа да ги докаже наводите за трговија со малолетници, педофилија и дистрибуција на порнографски содржини.
Според обвинението, 42-годишниот хирург имал секс во група и креирал порно видео. Од запленувањето на мобилниот уред, полицијата открила дека петте лица отвориле чет група, каде што разменувале пораки и видеа што заедно ги смимале.
Д-р Хаси е обвинет во случајот со 16-годишно девојче, со кое во време кога ја почнал врската, имала 14 години. Девојчето веќе 2 години доаѓала во неговиот стан, каде што поминувала по 2-3 дена. Тој пред истрагата изјавил дека е верник и дека има уште три сопруги. На малолетничката и’ ветил дека ќе стане негова четврта сопруга.
Дервиш Хаси пред истрагата тврдел дека секоја врска што ја почнал била консензуална, бидејќи сите меѓусебно се сметале дека се во брак со него.
Дервиш Хаси е кардиохирург во Универзитетската болница „Шефќет Ндроќи“ од 2021 година, каде ја сретнал малолетничката, додека нејзината мајка чекала операција. Интервенцијата ја извршил токму кардиохирургот Хаси.
Членовите на семејството на сега 16-годишната девојка, која имала сексуални односи со лекарот, изјавиле дека биле против врската меѓу нив, иако не можеле да ја одвојат од докторот. Малолетничката им кажала на истражителите дека не била принудена од него и дека тоа е нејзин слободен избор.
Во сведочењето дадено пред истражителите, малолетничката ја признала врската со лекарот и рекла дека сексуалните односи се вршеле со нејзина согласност во неговиот стан, откако таа наполнила 16 години.
Девојчето тврди дека го запознала докторот на 14 години, почнале да комуницираат и се вљубиле. Таа додава дека се омажила за докторот пред оџа по документ наречен НИКАХ. Таа изјавила дека е муслиманска верничка, а нејзината религија дозволува мажот да има неколку жени.
„На 17.01.2024 година во присуство на психологот, социјален работник и нејзиниот родител, земена е изјава од малолетната државјанка Д.Д, која изјавила дека од муслиманска вероисповед и дека вероисповеста и’ дозволува да биде во брак со маж, кој има повеќе партнери. Таа го потврдува фактот дека на 14-годишна возраст го запознала Дервиш Хаси. Таа го потврдува фактот дека го известила Дервиш за нејзината возраст, а потоа продолжиле да комуницираат каде и двајцата изразиле согласност и љубов еден кон друг. По една година, приближно на 16 години, во споменатиот стан имале однос. Девојката знае дека докторот е во брак со еден партнер и дека има уште двајца партнери. Таа изјавува дека за неа знаат две од нив, а една жена не знае. Таа го потврдува фактот дека последен пат имала сексуален однос на 16.01.2024 година. Таа изјавува дека сè направила доброволно и дека склучиле верски брак според верски документ наречен НИКАХ и дека овој верски брак е направен во присуство на оџа, пред околу една година“, се наведува во обвинението на Обвинителството на Тирана.
Докторот Дервиш Хаси има 7 деца со неговите 3 други сопруги. Има три деца со првата сопруга, со која е во единствениот легален брак веќе 20 години. Две девојчиња речиси на иста возраст како малолетничката, која сексуално ја експлоатирал две години, како и едно постаро момче. Со другите две жени има 2 деца.
Истражителите нашле и видео со еротска содржина на телефонот на Дервиш Хаси, каде се сомневаат дека докторот го снимил за време на чинот со малолетничката и го испратил до групата Whats App, каде што бил заедно со уште 3 жени.
Дервиш Хаси е добро познато име на полицијата, бидејќи беше уапсен во 2019 година. Против него се водише истрага и за други кривични дела, но тие не се докажани.