„Решивме да ја кажеме вистината и свесни бевме дека ќе бидеме под сериозен напад, а Бугарија ќе се обиде да ја искористи за свои политички цели и ќе ја манипулираат јавноста и од едно крајно техничко прашање да направат политичко прашање. Затоа што трите наши аргументите се прифатени“. Со овие зборови пред пратениците во Собранието одговараше министер за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, зборувајќи за проектот Коридоро 10, односно железничкото поврзување со Бугарија.
Уште со доаѓањето на власт ВМРО ДПМНЕ проектот го смета за спорен, поради тоа што сметаат дека железничката пруга ќе завршува во непостоечки тунел во Бугарија. Спорна е проектираната цена од 560 милиони за 24 километри пруга по која возовите нема да возат повеќе од 80 километри на час. Николоски за соменавањата за криминал во изборот на изведувач, во јули поднел пријава до Обвинителството, каде бара да се испита изборот на компанијата Ѓулермак со прашање дали манипулирала со должината на шините и начинот на поставување и со тоа конкуренцијата е елиминирана на јавната набавка.
Николоски од говорница изнесе три аргументи кои, како што вели, биде прифатени.При тоа, Николоски употреби и фудбалски термин: „Што се однесува до аргументите, така да се каже, ќе ја добивме Бугарија со 3-0. Прифатени се нашите аргументи“.
-Прво- да се направи ревизија на цената – невозможно е 560 милиони евра да чини изградба на 24 км пруга со електрификација. Никаде во светот го нема тоа. Второ, мора да има заедничко проектирање на потенцијалниот тунаел кој што ги спојува двете држави. И трето (Бугарите) да си го завршат нивниот дел од работата да се спојат до граница, затоа што поентата на оваа пруга е да се спојат двете држави“, рече Николовски и ја повика Бугарија, како што рече, по ова „да собере храброст да ја одржи третата средба планирана за оваа недела за изградба на третата фаза од железничката пруга од Коридорот 8“.
„Очекувам да соберат храброст да ја одржат третата средба што беше договорена. Веќе имаше една во Брисел и една во Софија. Оваа недела требаше да биде во Скопје, сега сакаат (да се одложи) за следната, а таа потоа нека соберат храброст, ајде да ја затвориме оваа тема и еднаш засекогаш ќе се затвори ова прашање, рече Николоски во Собранието.
На прашање на пратеник дали владата на Христијан Мицкоски намерно ја одолговлекува изградбата на Коридорот 8 за да му даде приоритет на Коридорот 10, Николоски одговори дека „реконструкцијата на железничката пруга од Коридорот 10 е апсолутно неопходна“.
„Ова, според мене, (Коридорот 10) би бил циркулација на крвта на Македонија, но и искористување на стратешката позиција. Додека го правиме тоа, работиме и на Коридорот 8, каде има три фази. Првата фазата на пругата Куманово-Белјаковце, во должина од 31 километар, ќе биде завршена до крајот на годината“, рече Николоски, изнесувајќи дека „бавно се одвиваат активностите“. Изградени се 27,3%, а рокот е октомври 2026 година.
Што се однесува до Коридорот 8, кој треба да продолжи кон Албанија, министерот за транспорт не гледа интерес кај Албанците, кои најавуваат две пруги, од кои едната е кон црногорското пристаниште во Бар.
„Убаво е да се раскажуваат приказни, но реалноста е дека другиот сосед, дел од Коридорот 8, нема никаква намера да работи на железничко поврзување со Македонија. Имаат некоја железница од време на Енвер Хоџа,која завршува на другата страна на Охридското Езеро, која е нефункционална и ако следите медиуми, тие почнаа да работат на две железнички линии, кои немаат никаква врска со Македонија. Едната е Драч – Тирана и втората, сакаат да градат Валона – Брач – Бар да се поврзат со Барското пристаниште во Црна Гора и целосно го игнорираат ова што е потенцијален Коридор 8. Треба сите да се запрашаме дали треба да се троши пари за нешто што нема да не’ поврзе со никој“, заклучи Николоски.