Новата макеоднска влада го суспендира евроатланскиот процес и целосно се сврте кон Србија. Во изминатите 30 години немало такво свртување кон Србија, а такво отворање „немало ниту во времето на комунистичка Југославија“.
Ова за бугарската телевизија бТВ го изјави Љубчо Георгиевски, поранешен македонски премиер во периодот 1998-2002 година. Според него, во последните 6 месеци комуникацијата со Европа може да се изброи на прсти, а официјалните гости се само од Србија.
„Идејата сега е за измени на Уставот со задоцнета примена. Имаме постојани изјави дека сите ги разбираат и не’ поддржуваат за оваа идеја. Но, нема ниту една изјава на европски политичар дека ја поддржува оваа позиција. Загрижен сум дека ќе изгубиме уште 4 години, како што беше случајот со Груевски за името во спорот со Грција. Рекоа дека и тогаш сите не’ поддржуваат, но ние чекавме 11 години“, рече Георгиевски.
Георгиевски има забелешка и на начинот на кој се адресира проблемот со Бугарија.
-Ако нешто треба повторно да се преговара, сигурно треба да се промени стилот што го применуваат нашите власти. Треба да се прмени тивка дипломатија, а не од тоа да се прави маркетинг. Имам чувство дека како да сакаат да се докажат на некој друг, колку се анти-Бугари. Има и една друга реторика на Мицкоски и (Александар) Николовски за Бугарија во Македонија, кои настапуваат со една чиста реторика од аспект на агресија, игнорирање па дури и застрашување на македонските Бугари, што потсетува на старото комунистичко време, рече Георгиевски.
Поранешниот македонски премиер кажа дека го загрижува таа реторика. “Како да сакаат да се докажат на некој друг“, изјави Георгиевски.
“Не можам да го прифатам драматизарањето што го прави премиерот, министрите од тоа што го прави со внесувањето на Бугарите. Целата таа драматизација е просто сомнителна во тој процес. Тоа за мене не е ништо опасно. Сум кажал дека за Македонија нема никаква опасност ако се смени Уставот и се стават Бугарите, рече Љубчо Георгиевски.
Георгевски во утринското интервју за бугарската телевизија кажа дека Македонија работи под српски диктат и оти може да се обложи на Коридорот 10, што подразбира подобра врска со Белград, наместо да се работи на Коридорот 8 кој е врска со Бугарија. Македонија. Георгиевски во тоа гледа подобра комуникација и дипломатија со Белград.