Со денешната панел дискусија, која се одржа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот факултет при УКИМ во Скопје, се означи старт на серијата панел дискусии посветени на менструацијата, менструалната хигиена и борбата за поголема менструална правда во Македонија, во организација на dm дрогерие маркт во рамките на проектот „Никогаш повеќе сама“. Ова е првата панел дискусија од неколкуте предвидени, кои ќе се одржат на државните универзитети во Македонија, а темата на панел дискусијата беше„Разбивање на тишината: Зборуваме за менструацијата во модерниот свет“.
Настанот започна претпладне, а публиката имаше можност да ужива во едночасовниот панел на кој дискутираа Кристина Дуранска – менаџер за маркетинг и комуникации во dm дрогерие маркт, проф. д-р Николина Кениг – редовен професор по психологија на Филозофскиот факултет во Скопје, Бојана Стојменовиќ – психолог, семеен и системски советник, организациски консултант за ментално здравје и основач на „Мој Психолог“, Теодора Милеска – ко-основачка на иницијативата PERIOD Skopje, Адела Асани – секретар на Универзитетското студентско собрание при УКИМ и Цеце Николова – ТВ лице и инфлуенсерка. Модератор на настанот беше Јована Стојменовиќ – ТВ водителка и уредничка, која имаше навистина интересни прашања за сите панелистки.
Прашањата беа посветени на самиот проект „Никогаш повеќе сама“, за кој Дуранска истакна дека dm дрогерие маркт гласно ќе продолжи да ја пренесува пораката за важноста на менструацијата, преку активностите кои се дел од долгорочната посветеност на компанијата. Професорката Кениг, даде свој експертски став околу дестигматизацијата на менструацијата како тема, и посочи како таа се одразува врз психолошкото здравје на жените. Свое гледиште сподели и Стојменовиќ која зборуваше за нејзината работа со девојките и предизвиците поврзани со менталното здравје кај нив од аспект на темата, а Милеска сподели повеќе околу активностите и чекорите потребни за подобра менструална правда и детабуизација. Асани посвети повеќе внимание на поддршката на УСС кон иницијативата на dm дрогерие маркт и испрати порака за повеќе вакви иницијативи. На самиот крај, Николова зборуваше за тоа колку е важно да се бориме против тишината за менструацијата и како таа лично работи на тој предизвик. Панел дискусијата беше проследена со огромно внимание од страна на публиката, а тоа беше евидентно по прашањата кои ги добија панелистките пред крајот на настанот.
Веќе во декември се одржува и втората панел дискусија на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, исто така во организација на dm дрогерие маркт. Со оваа панел дискусија ќе се продолжи со работа на зголемување на менструалната правда, акцентирање на потребата за поголем фокус на менструацијата како исклучително важна тема и побивање на сите табуа во нашето општество околу оваа тема. Голем дел од активностите веќе придонесуваат кон промени преку нивното спроведување, а повеќе за нив дознајте во продолжение.
Кои активности се спроведоа во изминатиот период како дел од проектот „Никогаш повеќе сама“ на dm дрогерие маркт?
- Започнувајќи од 15 октомври, па сé до 15 ноември, поставени беа над 220 диспанзери за хигиенски влошки во тоалетите на факултетите кои се дел од седумте државни универзитети. Со поставувањето, dm дрогерие маркт ги достави и првите количини со влошки од приватната марка Jessa. Со овој дел од проектот, dm овозможи постојана поддршка за студентките во непредвидливите моменти, додека ги следат предавањата на факултет.
- Во текот на октомври и ноември, Bestie, која е главен виртуелен лик на проектот на dm дрогерие маркт подготви музички плејлисти на музичката платформа Spotify, а овие плејлисти се достапни за секоја девојка и жена во Македонија. Преку моќта на музиката, Bestie ѝ даде можност на секоја девојка во нашата земја полесно да ја помине менструацијата додека одмора и ја надополнува својата енергија.
- Во ноември, dm дрогерие маркт спроведе и герила активност. Неколку фреквентни автобуски постојки во Скопје осамнаа „украсени“ со лепенки во облик на менструални влошки со пораките: „Сè ќе биде ОК“, „Јас и ти можеме сè“ и „Никаде без Bestie“ и QR код кој води до голема база на податоци, информации, истражувања и едукативни содржини подготвени од dm за сите девојки и жени.
Ова се само дел од спроведените активности, дел од проектот „Никогаш повеќе сама“. Со уште голем број други активности предвидени за целата кампања, dm дрогерие маркт продолжува да работи посветено на темите поврзани со менструацијата, менструалната правда и хигиена во Македонија, со надеж за уште повеќе промени во општеството, носејќи подобри услови за секоја девојка и жена во Македонија.