Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска помилува две мисирки со бели пердуви, Пич и Блосом, да не завршат на трпеза за Денот на благодарноста, годишна традиција што го означува почетокот на последната празнична сезона за демократите во Белата куќа.
– Мисирките што беа помилувани го добија името по цветот на праската што е симбол на државата Делавер, изјави Бајден, кој по потекло е од таа држава, пред толпата на тревникот пред Белата куќа.
"Keep calm and gobble on."
President Biden pardons Peach and Blossom, two turkeys from Minnesota, in his final White House turkey pardon, based on their "commitment to being productive members of society." https://t.co/nVTVS5Y1hY pic.twitter.com/SugObWxBTB
— CBS News (@CBSNews) November 25, 2024
Тој додаде дека настанот го означува официјалниот почеток на празничната сезона во Вашингтон.
– Исто така, последен пат ми е да зборувам овде како ваш претседател, во текот на оваа сезона, и да ви ја пренесам мојата благодарност, додаде тој.
– Затоа, дозволете ми да ви кажам, тоа беше честа на мојот живот, јас сум засекогаш благодарен, рече Бајден.
Помилувањето мисирки пред Денот на благодарноста, кој во Америка се слави последниот четврток во ноември, датира од претседателот Хари Труман во 1947 година, додека официјално стана традиција на Белата куќа во 1989 година, кога тогашниот претседател Џорџ Буш го понуди првото официјален претседателско помилување.
Најавено е дека Бајден подоцна денеска ќе отпатува за Стејтен Ајленд во Њујорк, каде што ќе присуствува на настанот „Денот на пријателите“ со припадниците на американската крајбрежна стража. МИА