Скопјани, кои од чалам или, сметајќи дека тоа е модерно, купуваат кучиња за домашни миленици, но по некое време или нив ги напуштаат или пак малите кученца од нивното легло. Од ЈП “Лајка“ велат дека кога сакаат да го напуштат миленичето, го оставаат пред „Лјка“, што воопшто не е добро решение иако мислат дека направиле добро дело.
-Ги замолуваме граѓаните да не напуштаат мали кучиња пред ЈП„ Лајка“. Напуштањето на домашни миленици, според Законот за заштита и благосостојба на животните, член 26, е забрането. Воедно сакаме да предочиме дека стационарите каде транзитираат голем број на кучиња се последното место каде треба да оставите мали кучиња. Според програмата за работа ЈП „Лајка“ не смее да ги прифаќа кучињата на возраст под 7 месеци, ниту има можност за нивно трајно вдомување или лекување, информираат од претпријатието и додаваат:
-Со оставање на мали кучиња пред ЈП „Лајка“, ги осудувате на контакт со вируси на кои нивниот имунитет не може соодветно да се спротистави, имаат нула шанса за преживување и подложни се на болно умирање. Немојте, со намера да направите добро дело, да направите непоправлива штета. Бидете одговорни, стерилизирајте го вашиот миленик и превенирајте нови непожелни единки на улица. Укажуваме дека просторот пред вратите на ЈП „Лајка“ е под видео надзор, а секое подметнување на кучиња ќе биде пријавено кај надлежните органи, информираат од претпријатието.