Опожарено е возилото на претседателот на Општинската организација на СДСМ на Кривогаштани, Антонио Симоноски. Полицијата соопшти дека рано утрото на 22 ноември било пријавено дека гори возило „шевролет каптива“ сопственост на А.С. од Прилеп. Повредени нема, причинета е материјална штета.
СДСМ во соопштение побара од МВР и сите останати надлежни институции веднаш да постапат, да ги пронајдат сторителите и да ги изнесат пред лицето на правдата.
„Надлежните органи мора да утврдат и дали овој напад е политички мотивиран, особено што Симоновски немал никакви недоразбирања со било кого. Очигледно неспособноста на МВР и партизацијата којашто се случува во институциите, ги охрабрува насилниците“, соопштија од СДСМ.
Во соопштението, опозицикста партија дека овој запален автомобил е еден од серијата, во која гореа и возилата на полицајци.
Фото: Архива