На 21.11.2024 во 13.30 часот во СВР Скопје, 48-годишен скопјанец пријавил дека на своето работно место во канцеларија на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од неговата поранешна девојка Е.Н.Б.(45) од Скопје. Полицијата денеска соопшти дека таа употребила и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок – информираат од МВР.