РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Одржување на електрични опрема: Редовно одржување на електромотори, контролни панели во флотацискиот погон, согласно упатствата и процедурите.
- Превентивна детекција на дефекти: Врши превентивна контрола на електричните системи и компоненти за да се идентификуваат и спречат потенцијални дефекти.
- Поправка на електрични инсталации: Извршување поправки на оштетени кабли, прекинувачи и други електрични инсталации што се клучни за функционирањето на процесите на флотација.
- Инсталација на нова опрема: Поставување, приклучување и тестирање на нова електрична опрема, вклучувајќи управувачки системи и осветлување во погонот.
- Применување на безбедносни мерки: Обезбедување дека сите електрични активности се извршуваат согласно прописите за безбедност и заштита при работа.
- Координација со други сектори: Соработка со механичарите и инженерите за решавање на сложени проблеми и изведување заеднички интервенции.
- Извештаи и документација: Водење евиденција за извршените проверки, интервенции и употреба на електрични делови и материјали.
- Извршување дополнителни задачи:Спроведување на други активности според налогот на претпоставениот за кои поседува соодветна обука и компетенции.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Средно стручно образование (Електро насока);
- Пожелно претходно работно искуство за бараната позиција;
- Способност за тимска работа;
- Возачка дозвола В категорија се смета за предност;
ШТО НУДИМЕ:
- Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;
- Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
- Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.
РАБОТНО ВРЕМЕ:
Од понеделник до петок во временски период од:
- 08:00 – 16:00 часот
Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Електричар 2 ра група во Флотација “. Краен рок за поднесување на апликации: 29.11.2024 година. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани. ДПТУ Бучим ДООЕЛ го задржува правото да не ја пополни огласената позиција. Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. |