Позитивни вести пристигнаа претпладнево од Јавното претпријатие „Лајка“, каде во состојба на бесознание беше донесено куче, жртва на свирепо насилство.
Кучето Феликс веќе покажува знаци на подобрување.Посилен од 20 удари со метална шипка, срце на јунак и покрај монструозното насилство кое го доживеа Феликс денес се гали, се радува на човечки допир и ни верува дека сме тука за да му помогнеме.
Се надеваме дека полека излегуваме од критичната фаза, иако постојано е под терапии заради оток на главата, потрес на мозок и неконтролирано мокрење. Важно е дека е свесен и респонзивен!Ви благодариме на поддршката, сите пораки и желби за Феликс – велат од ЈП „Лајка“
Видеото на кое се гледа во каква состојба е Феликс, а кое го објавија од Лајка, може да го погледнете овде