Поради пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад уапсени се 11 лица, соопшти Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека по прибирањето и деталната анализа на целата потребна документација, извршени се разговори со поголем број граѓани, како и по извршеното вештачење за да се утврдат причините и околностите под кои таа паднала, а доставено до Обвинителството на 20 ноември 2024 година, а по запознавање со наодите и мислењата на вештаците од градежната струка, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, денеска се уапсени и приведени вкупно единаесет лица.
Како што се наведува во соопштението, дел од нив се сомничат дека сториле кривично дело Тешко дело против општата сигурност од член 288 став 2 од Кривичниот законик во врска со кривичното дело Предизвикување општа опасност од член 278 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик.
Останатите, пак, како што се додава, се осомничени дека сториле кривично дело Тешко дело против општата безбедност од член 288 ст.2 од Кривичниот законик во врска со кривичното дело Непрописно и неправилно извршување на градежни работи од член 281 став 1 од Кривичниот законик.
Според Обвинителството, за горенаведените кривични дела е пропишана затворска казна од две до 12 години, пренесува Н1
Пратениците и советниците од опозицијата утринава повторно го блокираа влезот во зградата во која се наоѓаат судот и обвинителството во Нови Сад, јави Бета. Полицискиот кордон повторно е поставен пред зградата на судот, и е двојно поброен од вчера. Полицијата е во полна опрема за разбивање демонстрации. И во внатрешноста на зградата видливи се полициски сили. Опозициските политичари направија човечки синџир пред кордонот и се држат за рака. Тие го поставија и знамето на Србија.
Дел од вработените во судот и обвинителството денеска дошле порано на работа, за да се обидат да ја избегнат блокадата на зградата, пренесува МИА
За потсетување, 15 лица загинаа при падот на настрешницата на влезот на Железничката станица во Нови Сад, додека уште две лица се повредени и нивните животи се во опасност.