Данела Арсовска да се сврти за себе и да види што направи за жителите на Скопје во изминатите три години на чело на градот, порача денеска преку писмено соопштение ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата која всушност застана зад кандидатурата на Арсовска за да седне на градоначалничката фотелја, смета дека доколку таа се сврти назад, ќе види дека за цели три години не направила ништо ниту за градот ниту за граѓаните.
Во своите три години власт, Арсовска во неработењето за градот и жителите го надмина и нејзиниот претходник. За цели три години власт го остави градот да се дави во смет и ѓубре. Скопје е толку валкан, што е по нечист град дури и од во времето на Шилегов, кој е синоним за неработење, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ,
Партијата реагира дека и јавниот превоз е во ужасна состојба.
Граѓаните со часови чекаат на автобуските постојки на овие ниски зимски температури за да им дојде автобус на ЈСП. Кај што нема автобуси, така и тие што ги има Арсовска не ги одржува и постојано се расипуваат. А дел од нив поради нередовното сервисирање, возејќи се запалуваат, така што го загрозуваат животот на патниците и воопшто на сите граѓани, се додава во апртиската реакција.
Но, сепак има нешто што на Арсовска и оди и во што е рекордер. За нецели три години од мандатот, како на производна лента смени 30 директори на јавни претпријатија и институции под надлежност на Град Скопје и тројца секретари на градот, кои самата ги постави. А во моментов не се знае дали ни дали Скопје има Генерален секретар.
Значи, наместо да работи за подобрување на состојбите во градот, Арсовска три години од нејзиниот мандат добиен од граѓаните се занимавала со лични и персонални прашања за раководителите на институциите избрани токму од нејзе.
И сето ова покажува дека нејзиното делување е на граница на лудоста што ја загрозува безбедноста и животот на граѓаните, велат од партијата.