Во интервју за магазинот „GQ“, Никол Кидман изјавила дека во педесеттите ја погодиле некои работи за кои досега не размислувала.
„Смртност и поврзаност. Животот доаѓа и те удира. Загубата на родител, одгледувањето деца, бракот и сите други работи ме прават многу емотивна личност. Таков е животот. Животот е дефинитивно патување и те погодува како што старееш. Тоа се оние будења во три часот наутро, кога плачете и дишете длабоко“, рече таа.
Потоа размислувала за родителството и колку таа улога ја променила.
-Постои тој аспект на смртноста со кој е тешко да се справиме. Кога воспитувате деца, велите: „Морам да останам жив. Сакам да го видам сето ова.“ Многу е тешко, но во исто време убаво и извонредно, додаде таа.
На крајот актерката се присетиla на својата мајка која и значеla многу во животот.
-На некој начин таа беше мојот компас. Беше како да ја изгубив таа поддршка, но во исто време си помислив: „Во ред, тогаш ова е за неа“. Она што го сакаше за мене и мојата сестра да израснеме во жени кои можат да го изразат своето мислење, посебно оние кои таа ги немала во својата генерација. Таа била со мене низ сите подеми и падови, низ сето тоа. Нејзината улога беше движечка сила во текот на мојот живот. Посакувам таа да го види овој дел. Беше многу возбудена за филмот „Babygirl“ и „Perfect Couple“, но не доживеа ниту еден од тие проекти“, изјави таа, пренесува нова.рс.