Партизацијата којашто Панче Тошковски и ДПМНЕ ја спроведувата во МВР значи шиканирање и отпуштање професионалци на сметка на партиски војници кои работата за партијата а не за државата, реагираат од СДСМ.
-Еве ја партизацијата на безбедносните служби на дело. На фотографии од партиски состанок на ДПМНЕ објавени од Јован Јаулевски на Фејсбук јасно се гледа дека учествуваат и двајца полицајци од полициската станица Струга, меѓу нив и Ѓорѓи Стојанов, кандидат за Командир. Политички активности на полициските службеници се забранети со Закон.Еве шанса за Тошковски, ајде да видиме дали ќе поднесе иницијтива за нивно сакнционирање. СДСМ го повикува и Одделот за внатрешната контрола и профеисонални стандарди при МВР да поведе дисциплинска постапка. Партизацијата на безбедносните институции којашто ја спроведува ДПМНЕ е на директна штета на граѓаните и државата, се вели во соопштението од партијата.