Според едно австралиско истражување, постои причина зошто толку многу парови завршуваат на некој што е неколку години постар или помлад од нив, а тоа би можело да биде одговор за поуспешна врска.
Студијата покажа дека паровите со голем јаз во возраста имале побрзо опаѓање на задоволството од врската во текот на првите шест до 10 години од бракот во споредба со паровите на слична возраст.
За хетеросексуалните парови, беше објавено дека паровите со разлика во возраста меѓу една и три години, при што мажот е постар, имаат највисоко ниво на задоволство.
„Задоволството од врската малку се намали за парови со разлика од четири до шест години и продолжи да се намалува за парови со разлика од седум или повеќе години“, изјавија истражувачите.
Се чини дека истражувањата покажуваат дека во многу култури старосниот јаз од една до три години се смета за идеален, но некои истражувачи укажуваат дека дури и врската со старосна разлика помала од 10 години ќе донесе поголемо задоволство.
„Сепак, бројките ретко ја кажуваат целата приказна кога е љубовта во прашање. Можно е да бидете многу постар или помлад од вашиот партнер и да ја имате вистинската врска за себе“, велат тие, пренесува vestionline,com.