Поранешниот владин портпарол, Миле Бошњаковски ја повлече апликацијата за член на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Тој за ова информираше попладнево на социјалните мрежи, со најава дека ќе даде приоритет на други професионални обврски.
На утрешната јавна расправа на Комисијата за избор и именување во Собранието најавувам дека нема да бидам присутен. Би сакал јавно да се заблагодарм на стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, како и на Институтот за комуникациски студии кои ми ја дадоа нивната поддршка за кандидатурата. На останатите кандидати им посакувам среќа, додава Бошњаковски.