Авионот „Боинг 787-9 дримлајнер“ на кинеската авиокомпанија „Хаинан ерлајнс“ беше принуден да прелета над Рим 11 пати во вчера наутро, откако му се појавиле проблеми со десниот мотор за време на полетувањето, пренесува dnevnik.hr.
Како што пишува FL360aero на платформата Х.ком, проблемите се појавиле при полетувањето од пистата 16R на аеродромот Леонардо да Винчи Рим Фуимичино. Десниот мотор имал низа застои веќе на височина од околу 600 метри, по што пилотската кабина одлучила да го прекине понатамошното искачување и да започне процедурата за враќање на аеродромот за полетување.
NOV 11: Hainan Airlines Boeing 787-9 (B-1119, built 2018) experienced a series of engine surges in the early climb-out of runway 16R at Rome-Intl AP (LIRF), Italy. Flight #HU438 to Shenzhen entered a holding pattern and safely returned to land 55 min later. pic.twitter.com/EK7aX2Etb6
— JACDECNews (@JacdecNews) November 10, 2024
Авионот, изграден во 2018 година, бил принуден да кружи над Рим 50 минути и 11 пати додека не била обезбедена лента за слетување.
Се верува дека во летот на Хаинан ерлајнс имало 249 патници и 16 членови на екипажот кога избувнал пожарот, јавува CBS News.