МВР информира за несовесен возач, кој се движел во спротивен правец.
-На 08.11.2024 во 19.25 часот полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, го привеле В.Т.(67) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека тој со неговото патничко возило ,,мерцедес” со скопски регистерски таблици, на автопатот Тетово- Скопје се движел во спротивен правец, од наплатна станица Тетово кон наплатна станица Желино, при што предизвикал општа опасност во сообраќајот. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следуват соодветни поднесоци, информираат од МВР.