Основачот на Apple, Стив Џобс, купувал црн кабриолет „порше 911“ на секои шест месеци со децении.
Луѓето околу него мислеле дека менува автомобил секогаш кога ќе се појави гребнатинка на каросеријата, но работите се поинакви, пренесува Б92.
Причината за тоа е што Џобс ги мразел регистарските таблички, а Калифорнија во тоа време им дозволувала на возачите да не користат таблички во првите шест месеци од сопственоста. Џобс склучил договор да изнајмува нов автомобил на секои 180 дена, па затоа не морал да става регистарска табличка.
Џон Калас, експерт за компјутерска безбедност и софтверски инженер за Apple, ја потврди приказната во интервју заITWire уште во 2011 година, само неколку месеци пред да умре Џобс.
Во тоа време, се шпекулираше дека Стив Џобс склучил договор со Одделот за моторни возила (ДМВ) за да добие баркод на неговиот автомобил наместо регистарска табличка, иако оваа приказна никогаш не е потврдена.