Во Канада на Игор Џамбазов му се случил еден од најемотивните концерти, ја сретнал тетка Даринка, жената која го чувала него и сестра му Тања додека биле мали.
Како изгледала оваа средба после 56 години, Игор сподели на Инстаграм, па напиша:
-Ова е сигурно еден од најемотивните моменти од концертот во Торонто. Дознав дека во публиката се наоѓа тетка Даринка, жената која не чуваше мене и сестра ми Тања кога бевме мали. Живееше кај нас, се грижеше за нас, и во недостаток на родителите кои тогаш беа на врвот на своите кариери и многу често отсуствуваа од дома, бидејќи патуваа на турнеи и снимања, таа се обидуваше да ги замени, рече тој и додаде:
-Тетка Даринка се обидуваше да не научи да бидеме добри луѓе, и се надевам дека успеа во тоа. А кога конечно ја пронајде љубовта на својот живот, чичко Ѓоко, тој ја побара нејзината рака од мајка ми и татко ми, а тие им дадоа благослов. После тоа заминаа за Канада. Таму станаа успешни луѓе, познати во македонската заедница. На концертот, ја повикав на сцената. Се изгушкавме за сите 56 години во кои не се видовме. 56 години. Животе, понекогаш навистина знаеш да бидеш суров, напиша тој.
Погледнете како изгледала средбата: