Ова позади мене е најголемата дива депонија во Македонија се простира на седум хектари и се наоѓа во Општина Шуто Оризари, на само неколку километри од центарот на градот, рече на прес-конференцијата Андреј Куцуловски, координатор на Левица – Зелен сектор .
-Овој монструм позади мене континуирано расте. Советниците на Левица – Град Скопје, како и Зелен сектор, поднесоа барања до Град Скопје, Државен инспекторат за животна средина, како и Општина Шуто Оризари, да пратат надлежни лица и инспектори, да увидат што се случува на оваа локација. Бараме итна реакција од надлежните институции да се казнат тие што ја предизвикале оваа состојба и да се тргне од оваа локација. Дополнително, бараме од Министерот за животна средина и водостопанство – Изет Меџити, да излезе од својата канцеларија и да ги согледа состојбите во Македонија, рече Куцуловски и додаде:.
-Македонските граѓани секојдневно се соочуваат со еколошки катастрофи, од запалени депонии до загаден воздух, загадени реки и езера. Тој ако не знае да се справи со овие катастрофи, време е да си поднесе оставка, затоа што не се во опасност само природните живеалишта, туку и здравјето на луѓето, кажа тој.