Зорка Главоњиќ од драгачевското село Вича, во Србија возачкиот испит положила на 71 година.
„Мојот сопруг има 84 години и полека му откажува здравјето, до сега возеше и завршуваше се, а кога видов дека наскоро нема да може, решив да возам. Двапати неделно доаѓав од Драгачево до Чачак на часови по возење и не ми беше тешко со прописите, но по извесно време ми беше проблем да го положам. “ вели баба Зорка.
Имала голема поддршка од целото семејство, но и колегите со кои посетувала настава и заедно со неа го положиле возачкиот испит.
Таа вели дека сите биле многу разбирливи и трпеливи иако понекогаш можела да ги изнервира. Но, тоа брзо би поминало.
„Јас вежбав на нашето пунто пред да положам, а сега боже здравје ќе го возам. Помладите порано беа малку нервозни, бидејќи немав рутина, ми требаше уште малку време е да се навикнам кое каде е, папучата или копчето, но, последен пат кога ги положив тестовите, сигурно возев низ цел град Кога ми рекоа „секоја чест, положивте“ на мојата среќа немаше крај“, вели баба Зорка.