Големите огледала, особено ѕидните огледала, содржат тенки слоеви од метал кои можат да влијаат на безжичните сигнали.
Овој метал може да ги рефлектира или апсорбира брановите, што го намалува квалитетот на интернет конекцијата. Затоа, се препорачува да го поставите рутерот најмалку еден метар подалеку од огледалото.
Освен огледалата, на сигналот можат да влијаат и апаратите за домаќинство како што се микробрановите печки и другите електронски апарати. Ако имате поголем простор и ѕидови кои дополнително го блокираат сигналот, размислете за инсталирање на засилувач на сигналот.
Тие го примаат сигналот од рутерот и потоа го пренесуваат, што може значително да ја подобри покриеноста во просториите каде што сигналот инаку е слаб.