Автентичен вкус поради мешавината од бадеми, кора од лимон и џем од рибизла, со мрежест изглед кој бара одредена вештина за да се направи. Со текот на времето, џемот од рибизла беше заменет со џем од малини.
ТПотребно:
250 гр мек путер
250 гр мелени бадеми
250 гр брашно
250 гр шеќер
1 лажица какао во прав
цимет
мелени каранфилчиња
1 кесичка ванилин шеќер
1 јајце
За полнење: 200 мл џем од малини
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во сад измешајте ги путерот, бадемите и брашното, шеќер, какао, цимет, каранфилче и јајце. Се замесува тесто, па се става 3/4 во тавче обложено со хартија за печење. Нанесете го џемот преку тестото, па рамномерно распоредете го и развлечете го до подигнатите рабови. Направете ленти од остатокот од тестото и попречно ставете ги преку џемот за да формираат мрежа. Печете го колачот околу еден час, во рерна загреана на 180 степени. По 15 минути проверете дали температурата е превисока. Добар апетит!
Извор: Ало.рс