Општина Штип ќе ги уредува тротоарските површини и ќе гради нови паркинг места за жителите на улицата Сутјеска, најави на денешната прес конференција градоначалникот Иван Јорданов.
Како што нагласи, во моментов се работи на уредување на тротоарите, а во следната фаза предвидено е и уредување на влезовите на станбените објекти како и поставување на заштитни столбчиња на тротоарите.
- Започнуваме со уредување на тротоарски површини на улица Сутјеска, а паралелно се уредуваат и влезовите пред влезовите пред две станбени згради на истата улица. Во втора фаза се планирани заштитни столбчиња пред се за да користат тротоарите за пешаците, нагласи Јорданов.
Со уредувањето на овој простор како што вели Јорданов ќе се обезбедат и повеќе паркинг места за жителите од околните станбени згради.
- Жителите од овие згради имаат потреба од простор за паркирање на повеќе возила, досега ги паркираа пред се на тротоарските површини кои со уредувањето планираме да бидат заштитени со заштитни столбчиња и да користат исклучиво за пешаците, потенцираше Јорданов.
Нешто повеќе од еден милион денари од Буџетот на општината ќе бидат потрошени за градежните активности на улицата Сутјеска.