Бабата Лилијан Дрониак (94) од САД, која е позната и како „Баба Д“, ги открила причините поради кои го „откачила“ својот партнер и рекла „кажете им на дедовците дека повторно сум „на пазар“.
Таа отворено наведе осум црвени знамиња поради кои го напуштила својот дечко. Капка која ја прелила чашата е кога и рекол – молчи!
“Никој нема да ми каже да молчам! Не дозволувај човек никогаш да ти каже да молчиш бидејќи тоа едноставно не е убаво! Тој е Лав, требаше да знам. Исто така, тој е лош возач, за малку ќе настрадав и затоа нема да влезам во автомобилот со него“, објасни Лилијан.
Додала дека и нејзиниот бивши имал лош вкус за музика.
„Тој не ни знаеше за Тејлор Свифт“.
И пречело што е пребирлив за храна, па затоа не можела да го однесе никаде на забава.
Никогаш не и рекол дека изгледа добро.
„Секогаш изгледам добро“, самоуверено изјави Лилијан.
„Неговиот кревет немаше перница. Дали ви се верува? возрасен човек“, истакна оваа баба и на крајот додаде:
„Бев подобра од него и тука ништо не се може“, откри таа.
Неколку недели по раскинувањето, оваа баба проговорила:
“Ова е моја облека откако го откачив мојот дечко. Сезона е на оставање! Подобро е да си сама. Никогаш не сум изгледала поубаво”, рекла Лилијан.
Во друго видео, пак, му порача дека го блокирала.