Јоланда Хадид некогаш важеше за успешна манекенка и за една од најубавите русокси, па не е чудно што нејзините ќерки тргнаа по нејзините стапки. Сепак, таа во јавноста е позната како „мајка од пеколот“.
Додека нејзиниот поранешен сопруг привлекува внимание со врските со девојки кои се значително помлади од него, Јоланда не мора да мрдне ниту со прст, бидејќи нејзината животна приказна сама по себе е доволно интересна. Таа е на прагот на седмата деценија, но сепак на нејзиниот изглед би можеле да позавидат многу помлади жени. Затоа и за неа често се зборува дека е „најзгодната баба во Холивуд“.
Во текот на емитувањето на реалното шоу “The Real Housewives of Beverly Hills” јавноста беше изненадена од нејзиното однесување, додека многумина ја окарактеризираа како бездушна, со оглед на тоа дека на родената ќерка таа ѝ забрануваше да јаде за да биде „подобар модел“, иако тогаш веќе беше преслаба.
Јоланда со брзина на светлината од титулата најуспешна манекенка дојде до титулата мајка од пеколот. Меѓутоа, деталите од нејзината животна приказна покажуваат дека патот до ѕвездите бара многу труд.
Јоланда ван ден Херик, како што е нејзиното моминско презиме, родена е во 1964-та година во мал град во Холандија. Таа растела заедно со нејзиниот брат, а како дете сакала да јава коњи, да молзи крави и да има слични активности на нивниот семеен имот. Меѓутоа, нејзиниот живот се сменил кога таа имала само седум години, кога нејзиниот татко загинал. Тогаш морала да порасне преку ноќ, а за да ѝ помогне на својата мајка почнала да работи кога имала 13 години. Работите со кои се занимавала на почетокот биле сведени на миење садови во еден локален кинески ресторан. Нејзината прва работа била многу напорна бидејќи морала да мие стотина садови. Две години подоцна работела како продавачка на месо и сирење во локална продавница, каде потоа била унапредена во благајник. Со заработените пари таа ги покривала своите училишни трошоци, но успевала и да плаќа школа за јавање и да помага на имотот.
А потоа, на 16 години, нејзиниот живот повторно се променил.
Дека животот е непредвидлив зборува и начинот на кој Јоланда успеала да влезе во модниот свет и да стане една од најуспешните манекенки. Имено, пред една ревија во Амстердам таа ѝ направила фризура на својата другарка Дороти, а дизајнерот ја забележал и ја замолил и таа да се појави на пистата. Токму тогаш ја открива сопственичката на агенцијата Ford Models и останатото е историја. Јоланда потпишала договор и во следните 15 години била една од најпопуларните манекенки. Имајќи предвид дека таа отсекогаш работела напорно за да дојде до пари, таа на паметен начин ја искористила заработката. Нејзината прва инвестиција бил стан во Лос Анџелес кој го отплаќала со години. Сепак, подоцна го продала по далеку повисока цена и заработила огромни пари. Јоланда купувала и коњи, па и на тоа успевала да заработи.
Љубовта ѝ тропнала на врата
Во деведесеттите години во нејзиниот живот влегол Мохамед Хадид, инвеститор за недвижнини. Тие многу бргу склучиле брак па во 1994 година таа се преселила во Лос Анџелес заедно со Мохамед и со неговите две ќерки од претходниот брак. Љубовта со Мохамед била крунисана со раѓањето на двете ќерки и синот – Јелена која денес е позната како Џиџи, потоа Бела и Анвар Хадид. Меѓутоа, љубовта на Јоланда и нејзиниот сопруг доживеа „пораз“ кога во 2000 година тие се одлучија за развод. Манекенката тогаш се пресели почнувајќи нов живот како самохрана мајка на три деца.
Сепак, желбата да пронајде сродна душа не исчезнала па таа во 2006 година го запознала Дејвид Фостер, канадски музичар и продуцент. По четири години врска, тие решиле да се венчаат.
Фостер се покажа како вистински маж и ѝ беше голема поддршка откако ѝ беше дијагностицирана лајмска болест. Нејзината состојба била толку лоша што таа во еден момент ја изгубила способноста за читање и пишување. Парот помина низ тешки моменти, а Јоланда во јавноста повеќе пати истакна колку неговата поддршка ѝ била важна. Таа во медиумите често кажуваше дека Девид бил поголем татко за нејзините деца откако Мохамед, но потоа како гром од ведро небо дојде веста дека Дејвид и некогашната манекенка се разведуваат. Ниту едната ниту другата страна не сакаше да зборува за причините, но подоцна се дозна дека причината е друга жена односно актерката Кетрин Мекпи со која Мохамед неодамна доби дете. Се зборуваше дека тој ја почнал аферата бидејќи веќе не можел да го трпи опсесивното однесување на Јоланда, која исто како и во старите денови постојано броела калории.
Строга кон децата
Не е тајна дека Јоланда управува со животите на своите деца. Таа ги уништи и љубовните врски кои тие ги имаа низ годините. Па така, додека Анвар беше со Дуа Липа таа редовно објавуваше фотографии од нив двајцата на кои пејачката всушност беше „исечена“ поради што јасно беше дека таа не ја сака својата снаа.
Меѓутоа, тоа не беше ништо во споредба со она што им го правеше на ќерките.
Бела јавно призна дека имала дури 14 операции на носот, а бројни извори блиски до семејството посведочија дека токму Јоланда инсистирала нејзината ќерка да ги направи тие операции бидејќи ѝ пречело што таа повеќе личи на својот татко отколку на неа. Сето тоа придонесе Бела да стане зависник од алкохол, а во минатото имаше и проблеми со менталното здравје и беше депресивна и анксиозна.
„Не можам да поднесам некој да не е задоволен со мене“, изјави таа за Вог ланската година.
Од друга страна, нејзината „миленичка“ Џиџи исто така не помина без последици. Познато е дека Јоланда се мешала во нејзината врска со Зејн кога добија дете. Сето тоа кулминирало со кавга кога Зејн не можел да ја истрпи Јоланда, па Џиџи и Зејн се разделија. Старателството над детето ѝ припдна на Џиџи, која сепак не можела да го избегне страшниот суд на нејзината мајка која ѝ забранувала што да јаде, а кога во една прилика ѝ се јавила за да и каже дека ѝ се слошило бидејќи ништо нема јадено, Јоланда ѝ рекла да земе неколку бадеми. Се чини дека денес таа конечно ја научила лекцијата и ги оставила ќерките на мир. Таа ужива во врската со својот партнер кој е генерален директор на градежна компанија.