На социјалните мрежи од вчера се споделува видео од моментот кога се урна бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад, на која се гледа како постар човек избегнал сигурна смрт за само неколку секунди. Како што дознава „Блиц“, станува збор за Арсен Којиќ (75) од Каќ, кој само благодарение на автобусот што дошол на време ја преживеал несреќата во Нови Сад.
Во разговор со внукот на Арсен Којиќ, Ненад, дознавме дека тој се уште е во шок поради тоа што избегнал сигурна смрт. Како што открил, тој ден Арсен заминал од Каќ во Нови Сад на преглед во болница
Таму го возел неговиот внук, по што Арсен отишол да го види синот.
-Одев на работа и го возев дедо до провинциската болница на преглед. После тоа, вујко ми, син му, дојде да го земе, отидоа во блиското кафуле да се напијат кафе. Потоа отишол на железничката станица каде чекал автобусот за Каќ, рекол Ненад за Блиц.рс .
Како што можете да видите на самото видео, Арсен го забележал автобусот и станал упатувајќи се во правец на автобуската постојка. Само неколку чекори откако тој зачекори, бетонската настрешница се сруши. Според неговиот внук, тој момент никогаш нема да го заборави.
-Седеше на таа клупа и го чекаше времето за пристигнување. Кога го виде автобусот од Ковил кој дојде, стана од клупата. Додека ја напуштал клупата кон станицата, настрешницата се срушила. Кога се сврте и го виде тоа, остана во шок – ни раскажува Ненад.