Пред големиот славенички концерт на групата „Меморија“, што ќе се одржи на 16 декември во СЦ „Борис Трајковски“, членовите на бендот денес ги објавија последните детали, иако изненадувања оставија и за самиот концерт.
– Концертот е замислен како големо мултимедијално шоу. Ќе има 11 камери, два дрона, 15-метарски кран, голем лед екран поделен на три сегменти. Тука се и нашите гости и се надеваме ќе оставиме убав спомен за генерациите што доаѓаат, најавија членовите на „Меморија“.
Меѓу гостите на концертот се: групата „Ареа“, Дани Димитровска, Андријана Јаневска, Сара Мејс, Александра Илиева, Тијана Илова, Бранко Ѓорѓиев…. Но, и останаа мистериозни.
– Едно име нема да откриеме и го чуваме за крај, тој е вистинска музичка македонска ѕвезда со интернационална кариера, рекоа членовите на составот, но нагодувањата се дека тоа е Симон Трпчески.
Гости ќе бидат неколку хора, а ќе запеат и членките на женскиот хор „Фрида“, чија диригентка е Сузана Турунџиева, кои ја подготовија песната „За тебе“, а како тоа ќе звучи се виде и на средбата со новинарите. Најавија дека гости се и македонските ракометари, а во публиката членовите на здружението „Мобилност“.
Филип Николоски, младо момче кое се движи со помош на количка, но многу ја сака музиката, свири на синтисајзер, пее и настапува, исто така ќе биде гостин на концертот. Нему му е посветена и песнатата „За добро да е“, за која музиката е на гитаристот на „Меморија“ Рубин Димкоски, а текстот е на Дуле Темелкоски. Филип ќе запее заедно со Ристо Самарџиев.
– Филип Николоски вчера дојде на нашата проба и имам впечаток дека знаеше до најмал детал што кој свири во сите песни. Иако е во колчка поседува огромно количества позитивна енергија, што ја почувствувавме сите во студиото. Особено ни е драго што за Филип музиката е мнгу важна во животот, каде може да го зирази својот талент. Со него ќе настапиме и во Скопје, а секако и на нашиот концерт во неговиот роден Прилеп, рече Самарџиев.
Изненадување е и младата тапанарка, Тијана Илова. Нека се помине како треба, а догодина „Меморија“ најавија „фамилијарен“ концерт на кој ќе настапат сите членови што поминале низ групата, а ќе се одржи во МКЦ во Скопје, каде што започна нивната музичка приказна