Спонзорирана објава
Компанијата dm со гордост ви го најавува третото продолжение на еко-проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“! Овој проект тие го започнаа во 2022 година, а до сега посадија речиси 60.000 нови садници. Оваа година имаат за цел да ја стигнат спектакуларната бројка на 100.000 засадени дрвја!
Започнуваат во Скопје, со уредување на „Рајски парк“ во општина Аеродром, каде ќе засадат повеќе од 300 нови дрвја, а продолжуваат со хортикултурно уредување на дворовите на ОУ „Славејко Арсов“ и детската градинка „Сончогледи“ во Штип.
Сезоната ја затвораат на 24 ноември, кога заедно со сите нас ќе реализираат уште едно масовно пошумување во близина на Велес, во близина на езерото Младост, на површина која беше неодамна уништена од пожар.
Приклучете се на масовното пошумување во близина на Велес со пополнување на оваа пријава! Пријавувањето трае до 15 ноември.