Ужасна приказна доаѓа од Англија, каде во средата во судот во Бристол, еден монструозен пар беше прогласен за виновен за злоупотреба на деца, пишува Дејли Мејл.
Том Кембер (27) и Кетрин Рајли (25) добиле девојче во 2019 година, кое било родено предвреме во 31 недела, но само 10 дена откако биле отпуштени од болница на 14 јануари 2020 година, службите за итна помош биле повикани на адреса во Таунтон во Сомерсет.
Итната помош забележала модринки на слепоочниците на бебето, а потоа целиот случај завршил на суд.
На судењето се дозна дека на 12 јануари 2020 година, Кембер ги пребарувал на интернет термините „што се случува ако удриш бебе во лице“ и „дали бебето може да биде болно ако го удриш“.
Следниот ден во 22.45 часот, додека бил во ресторан со Рајли и детето, Кембер барал на интернет фрази како „дали бебето спие многу ако удри со глава“. Дури на 14 јануари околу 1:20 часот по полноќ Кембер се јавил на 112.
Во 6:10 часот тој ден, Кембер го пребарал на Интернет терминот „Дали може да бидам казнет за злоупотреба на деца?
Судијата Џулијан Ламберт ја опишал нивната злоупотреба пред судот како „монструозен чин“.
„Поради повредата на мозокот, бебето не може да зборува, со значително оштетување на видот, повеќекратни напади и други сложени проблеми. Ова бил вознемирувачки случај за сите инволвирани. Беспомошното бебе било злоставувано од возрасни луѓе кои повеќе се грижеле да ги избегнат последиците од нивните постапки отколку да бараат лекарска помош за бебето“, изјавил главниот инспектор Роџер Докси, кој ја водел истрагата, пренесува Н1.
Кембер беше задржан во притвор, а Рајли беше ослободена во очекување на пресудата, која во моментов е закажана за 24 јануари 2025 година.
Но, приказната има среќен крај. Детето, кое сега има четири години, го посвоиле згрижувачи кои ја чуваат од нејзини четири месеци.