Кога сте во врска, а камоли долга врска, може да се запрашате дали сте сè уште заљубени.
Чувствувате вознемиреност, „пеперутки“ во стомакот, ги губите зборовите, цел ден размислувате за партнерот, сонувате и слично. Но попатно е вклучено и чувството за љубов, па на некој начин се менува и начинот на изразување на одредени чувства.
За некои љубовта е мир, а за други напнатост и страст. Истражувачите идентификувале специфични карактеристики или знаци кои укажуваат на вистинска љубов и романса во врската. Ако овие карактеристики се присутни во вашата врска, тогаш тоа укажува дека сте вистински заљубени во партнерот.
4 знаци дека сте заљубени, според психолозите:
Се чувствувате среќно после секој ваш состанок
Според истражувањето спроведено во 2017 година, интимноста, кога се спроведува не само како чин на љубов, туку и како начин за заедничко истражување на врската, разбирање и зајакнување на врската, во голема мера ја подобрува врската. Ако се чувствувате среќни после секоја физичка интеракција со вашиот партнер, ако двајцата создавате подлабока врска после секоја интеракција, тогаш вие двајцата дефинитивно сте заљубени.
Посветени сте
Истражувањето на Американската психолошка асоцијација покажа дека луѓето кои бараат „подобри“ партнери додека веќе биле во врска, значи дека се помалку посветени. Ако сте заљубени, вашиот прв избор секогаш е вашиот партнер.
Не се плашите да ризикувате заедно
Истото истражување споменато погоре покажа дека преземањето ризици со партнерот ја зајакнува врската меѓу вас и прави да се чувствувате задоволни. Љубовта и довербата што ја имате еден кон друг е доволна за да ги надминете препреките и да станете посилен пар.
Ги решавате несогласувањата со партнерот
Понекогаш несогласувањето може да биде страшно, но вака врската продолжува да има „цврста“ основа. Истражувањето на Универзитетот во Џорџија покажа дека паровите кои пристапуваат кон несогласувања со позитивни ставови имаат пониско ниво на кортизол и помалку стрес.