Диди и Џенифер Лопез, кои беа во врска од 1999 до 2001 година, се скарале на афтер забавата на MTV VMA во Њујорк, пренесува Б92.
Фотографиите ги објави Дејли Мејл и се направени во ноќниот клуб Лотус на 7 септември 2000 година.
Во новата тужба се наведува дека Диди сексуално ја нападнал девојката таа вечер пред две неименувани познати личности.
Diddy and Jennifer Lopez seen having heated argument in unearthed party photos from same night he's accused of raping 13-year-old girl https://t.co/sW02NqCPL4 pic.twitter.com/RDvF28b33d
— Daily Mail Online (@MailOnline) October 30, 2024
“Диди држеше шише шампањ цела ноќ и ги послужуваше гостите. Сите играа и уживаа, но како што одминуваше ноќта растеше тензијата меѓу него и Лопез”, изјавил за Дејли Меил еден од забавата.
На сликите се гледа како Џенифер му вика на Диди. Причината за кавгата не е позната.
Изворот додал дека по расправијата раперот предвреме ја напуштил забавата со Лопез и група девојки.
Diddy and Jennifer Lopez seen having a heated argument in unearthed party photos from the same night Diddy was accused of R*** pic.twitter.com/CmF8dDkNc6
— Karim Jovian (@KJovian) October 30, 2024
Потсетуваме дека неодамна беа поднесени неколку нови тужби против Диди. Во едната од нив се тврди сексуален напад врз 13-годишно девојче.