Дезире Вајт (32) се разведе од сопругот за да се омажи за долгогодишниот пријател и кум Брајант, но приказната не завршува тука бидејќи нивната љубовна приказна започнала на денот на нејзината прва венчавка, пишува NY Post.
-Брајант и мојот поранешен сопруг станаа најдобри пријатели кога се запознаа и направија се заедно. Цело време му местев состанови и одев на двојни состаноци со него. Не ми паѓаше на памет дека имаме нешто повеќе од пријателство“, рече таа, инсистирајќи дека немала чувства кон сегашниот сопруг во годините додека биле заедно.
На денот на венчавката Дезире танцувала со кумот, а додека танцувале Брајант искрено ја прашал зошто никогаш не му дала шанса. Дарси била збунета и мислелаа дека Брајант е само пијан. Нејзиниот брак со сопругот многу брзо добил ужасен пресврт бидејќи нејзиниот сопруг почнал да се однесува чудно. Многу брзо Брајант од пријател кој ја тешел поради ужасните односи со сопругот станал љубовник, пренесува курир.рс.
-Кога јас и бившиот раскинавме и се разведовме, паднав во депресија и се затворив од сите. Брајант не ми дозволи да побегнам од него. Постојано беше покрај мене и ме тешеше, а во еден момент на мое големо изненадување дури и ме бакна. Кога ме бакна, не избегав, а потоа го бакнав назад. Бев шокирана бидејќи тој бакнеж беше навистина добар. Се чувствував добро и природно – рекла таа.
По една година од нивната врска, таа забременила со нивниот прв син, кој сега има девет години, а парот се венчал во 2012. Денеска имаат четири деца и се многу среќни.