Годинашниот претставник на Франција на Изборот за песна на Евровизија, Слимане, е обвинет за сексуално вознемирување, – јавуваат француските медиуми, пренесува вјести,ба.
Во извештајот поднесен до јавното обвинителство во Сент Етјен се наведува дека нападот наводно се случил во декември 2023 година, кога Слимане настапил на концерт во Сент Етјен. Според изворите, тужбата ја поднел еден од поранешните техничари на пејачот кој работел со него на турнеја. Во тужбата навел дека сѐ се случило на 17 декември 2023 година, по концертот додавајќи дека го „притиснал“ на ѕидот и го принудил на секс.
Техничарот сепак му рекол дека не го интересира односно дека е хетеросексуалец и оженет.
Откако го одбил, рекол дека во текот на ноќта добил неколку десетици пораки од Слимане. Техничарот потоа ја известил компанијата која го вработила, а тие, според француските медиуми, ги повлекле сите техничари кои работеле со пејачот на турнејата. Јавниот обвинител на Сент Етјен, Дејвид Шармак, рекол дека адвокатот на жртвата планира да му презентира докази.
„Ги чекам тие документи, па потоа да ги сослушаме жртвата и сторителот“, рекол тој.
За потсетување, Слимане на Евровизија ја изведе песната „Mon Amour“ со што го освои петтото место.