Пејачката Теа Териовиќ на 30 ноември ќе одржи концерт во скопската арена „Борис Трајковски“. Во рамките на промоцијата за концертот, таа вчера ја посети спомен куќата на Тоше Проески во Крушево, пренесува република.рс.
„Денес ја посетивме спомен куќата на Тоше Проески. Ние кои го познававме лично, ја знаеме неговата душа преку музиката. Денес дознав уште многу детали за неговиот живот и полна сум со емоции и убавина! Колку ги сакал луѓето, музиката, животот… Македонија ја препознала неговата генијалност и вонсерискиот талент уште на почетокот на неговата кариера, а и остатокот од регионот. Неговата душа нека служи како пример и вечна инспирација. Те сакаме Тоше“, напиша Теа на социјалната мрежа Инстаграм каде сподели неколку фотографии од посетата на спомен куќата.
Нејзиниот потег не ѝ се допадна на Јелена Карлеуша која се познаваше лично со Тоше. Таа се огласи на истата социјална мрежа.
„Во последно време ништо ми се нема згадено толку колку естрадното ѓубре кое го користи името на Тоше и неговата спомен куќа заради евтин маркетинг пред некаков настап во Македонија. Лажни солзи, евтина патетика и уште поевтина пејачка во злоупотреба на ликот и делото на покојниот Тоше. Лигаво да се заработи и сето тоа позирајќи пред камери. Дното го доби својот подрум. Сигурна сум дека Македонија тоа ќе го препознае и ќе го награди со апсолутен бојкот“, порача Карлеуша.