Фолк пејачката Татјана Лазаревска блесна во креација на светски познатиот дизајнер со македонско потекло, Тони Матически.
Тони и Тања живеат во Австралија, тој од 70-тите години од минатиот век, а Тања една деценија, но ова е нивна прва соработка.
Соработката е на обострано задоволство, а Татјана викендов во неговите креации настапила на традиционалниот Фестивал на македонска култура и храна, кој се организира во Мелбурн.
-Тони е мајстор на својот занает и навистина креациите беа прекрасни. Ние Македонците во Австралија се поддржуваме и соработуваме. Прв пат соработувам со него, знам дека дизајнирал за светски ѕвезди и затоа навистина ми е драго што пред нашите Македонци во Мелбурн, јас како Македонка, се појавив во креации на наш успешен Македонец, рече Татјана и додаде:
-Фестивалот е традиционален, место за средба на нашинците, за дружење, за веселба и место кое не дозволува да згасне македонската традиција и превкусна храна во овој дел од светот, рече таа.
Тони Матически досега креирал за Џенифер Лопез, Бијонсе, Ким Кардашијан, Пенелопе Круз и Хајди Клум.