Пејачот Жељко Бебек (78) е во брак со 34 години помлада жена, а се запознале додека таа се уште одела на училиште.
Првиот пат се оженил со Споменка, која ја роди ќерката Силвија, вториот пат со Сандра, која ја роди Бјанка, а потоа ја запознал Ружица, во 2002 година.
Ружица целосно го освоила, а нивната љубов ја надополнија синот Звонимир и ќерката Катарина.
На почеток биле во тајна врска бидејќи се плашеле да не им суди околината поради големата разлика во години. Жељко тогаш имаше 52 години, а Ружица 18.
„Со влегувањето во мојот живот, таа промени сè. Да ме сретнеше кога имав 18 години, денес ќе бевме во брак 50 години, но тогаш не наиде, се родила кога ја објавив песната „Битанга и принцеза“, рекол тој, пренесува Блис.рс